Општина Боговиње го пушти во употреба новиот пат од Чифлик до Калник, откако неодамна заврши асфалтирањето, информираше градоначалникот Албон Џемаили на социјалните мрежи.
Пробивањето на оваа делница беше започнато во септември 2018 година.Патот е долг 497 метри и широк 5 метри. Вкупната вредност на градење на патот е 3.039.258 денари.
Воедно општина Боговиње обезбеди возилото за чистење и одржување на патиштата, кое ќе го користи АД „Шари“.