Општина Тетово информираше дека е откажан настанот со Министерството за образование со објаснување дека тоа е поради непочитување на функцијата градоначалник. Велат дека пред да почне настанот требало да има средба помеѓу министерот и градоначалникот во 9 часот но кога се јавиле дали пристигаа делегацијата им било речено дека нема да дојдат на средбата.
-Непочитувањето на градоначалникот на Општина Тетово, значи непочитување и на сите граѓани кои живеат во градот.Министерот за образование, по наредба на своите газди, очигледно не успева да се однесува професионално, како што доликува на функцијата Министер. Врз основа на политиката на партијата што ја застапува, уште еднаш докажа, дека ги игнорираат општините кои не се предводени од ДУИ. Општина Тетово има лидер, затоа нема да дозволиме никој да го потценува авторитетот на граѓаните и општината, се вели во соопштението на Општина Тетово.
Денес за во 10 часот беше најавено дека министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе присуствува на настани кои се дел од дијалогот помеѓу МОН за креирање на уписната политика за учебната 2022-2023 година и унапредување на средното стручно образование во Општина Тетово и Општина Гостивар.