Општина Тетово ги откажа сите активности предвидени за наредниот период вклучително и предвидена градска акција за чистење во градот поради несреќата во Бугарија при што загинаа македонски државјани.
-Најпрво изразуваме искрено сочувство до семејствата кои ги загубија своите најблиски во сообраќајната несреќа што се случи во Бугарија, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Општина Тетово соопштува до пошироката јавност дека поради тешката состојба која владее во Северна Македонија, ги прекинува сите активности. Се известуваат и сите граѓани на Тетово дека од истите причини ќе биде привремено прекината и граѓанска акција за чистење на градот, најавена за 27 ноември. За датумот кога ќе се одржи оваа акција ќе бидете однапред известени, се вели во известувањето од Општина Тетово.
Преку профилите на социјалните мрежи и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, изрази сочуство за настрадните 46 луѓе во трагичната несреќа, посакувајќи закпренување на повредените.