Oпштина Тетово соопшти дека ќе се прегледуваат тендерските документации за сите тековни инфраструктурни проекти, а во тој период сите градежни работи ќе се стопираат. Станува збор инфраструктурни проекти како што се изградба бна улици, канализациона мрежа и водоводна инфраструктура.
-Врз основа на жалбите и поплаките на граѓаните за извршена работа надвор од потребните стандарди, ве известуваме дека градоначалникот на Тетово Билал Касами побарал од Секторот за општински дејности и заштита на животната средина и природата да се прекинат сите работи кои се во овој сектор. Станува збор за сите инфраструктурни проекти, патишта, канализациона мрежа, водоводна инфраструктура, се вели во соопштението од Општина Тетово.
Покрај документацијата ќе се проверува и сработеното на терен.
-Онаму каде што ќе се забележат неправилности ќе се преземаат соодветни мерки согласно законот, а таму каде работите се одвиваат според законот ќе продолжат, информираат од кабинет на градоначалникот на Тетово.
ас