Општина Тетово на својата интенет страница објави список на сите договори на дело склучени со физички лица за првите три месеци од тековната 2022 година. Во соопштението до медиумите велат дека со ова го исполнуваат ветувањето дадено пред јавноста, објавувајќи ги договорите на дело.
-Свесни сме дека најдовме преоптоварена администрација, но потребата од стручно насочување не натера да ги засилиме редовите за да можеме да ги реализираме барањата на граѓаните кои не беа земани во предвид со години, односно беа занемарувани. Општина Тетово во првите три месеци од годинава склучила вкупно 78 договори. Од нив, 30 се договори кои се од претходната администрација. Од останатите договори, значителен број се ангажирани во Општинскиот инспекторат како одржувачи на редот, бидејќи констатиравме дека имаше значителен недостиг во оваа област, се вели во соопштението на Општина Тетово
Информираат дека некои договори склучени од 1 јануари годинава се главно административци ангажирани во Комисијата за легализација и урбанизам.
-Тоа е поради големиот обем на работа што овој сектор го има како резултат на големиот број предмети кои треба да се решат и со ова граѓаните да ги легализираат објектите навреме и според Законот за легализација. Друг дел е ангажиран по потреба во различни сектори, како што е Кабинетот на градоначалникот, почнувајќи од организациониот дел, Канцеларијата за комуникација и односи со јавноста итн. Транспарентноста, отчетноста, одговорноста кон јавноста и кон граѓаните на Тетово, остануваат главен императив на нашата работа, порачаа од Општина Тетово.
Исто така известија дека сите ангажирани со договор на дело, на крајот од секој месец доставуваат извештај за сработеното.
ас