Од среда во Тетово општината ќе овозможи бесплатно паркирање во дворовите на четири училишта. Идејата е да се намали сообраќајниот метеж со оглед на интензивното доаѓање на иселениците во Тетово.
Општина Тетово ги известува сите граѓани дека од 15.06.2022 година (среда), дворовите на основните училишта “Истикбал“, “Лирија“ и Гимназијата “Кирил Пејчиновиќ” во двете згради, ќе бидат отворени за паркирање на возила. Паркирањето ќе биде бесплатно. Ова ќе го намали сообраќајниот метеж во текот на летото, кога вообичаено нашите иселеници доаѓаат на одмор и имаме поголема фрекфентност низ улиците, соопштија од Општина Тетово.
Општината апелира граѓаните со своето однесување да придонесат за помалку сообраќаен хаос.
-Сакаме да апелираме и до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила, да не ги блокираат постојките за градскиот превоз, исто така и да го користат истиот за да се намали загадувањето на воздухот и да не се предизвикува сообраќаен хаос.
Од крајот мај пајак службата при Општина Тетово почна да користи уште едно возило со кое се подигаат неправилно паркираните возила низ градот. Обезбедувањето на второ возило е во корелација со препораките на сообраќајната полиција. СВР Тетово бележи 44.592 регистрирани возила само со тетовски регистерски ознаки.
ас