Тетовскиот кризен штаб упатил денес барање Владата да ја укине забраната за организиран јавен превоз со автобуси и комбиња кои се движат на територијата на општина Тетово и околните општини. Оваа забрана беше воведена од 21 април.
-Согласно неодамнешната одлука на Владата и тенденцијата за либерализација на рестриктивните мерки во земјата, побаравме укинување на забраната за организиран транспорт со автобуси и комби превозници кои се движат на територијата на општина Тетово и околните рурални општини, информираа од општина Тетово.
Кризниот штаб ги соопшти најновите бројките на заболени со Ковид-19 по општини. Општина Тетово 52 (починати 2), општина Боговиње 41 (починти 6), општина Теарце 7, општина Брвеница 10 (починат 1), општина Јегуновце 4, и општина Желино 6 заразени (починати 2 лица).
А.С