На владината седница која се одржи во Тетово, градоначалничката Теута Арифи побарала да се изврши нова категоризација на локален пат за да може да се гради обилколница која ќе ги опфаќа западниот и северниот дел од градот во правец кон Косово, информираат од локалната самоуправа. Станува збор за делницата од селото Требош па се до спојот со регионалниот пат Тетово-Јажинце.
-Ова беше наше барање поставена на владината седница и прифатено во форма на заклучок. Идејата е да се направи обилколница за да тие возила кои не им е градот крајна дестинација, да го заобиколат Тетово и да продолжат кон другите дестинации, изјави градоначалничката Теута Арифи.
Ваквата обиколница би значело движење на возилата надвор од Тетово кон северозапад и стигнување до населените места во општините Теарце и Јегуновце, граничниот премин Јажинце кон Косово.
Инаку во Тетово за да да се избегне сообраќајниот метеж со возилата на кои градот не им е крајна дестинација се прави обид од локалната самоуправа да се продолжи булеварот Видое Смилевски-Бато.
-Се надеваме дека во март ќе започнеме со работа. Во текот на зимата ќе се работи на експропријација за што веќе се обезбедени пари од буџетот на општината, рече Арифи.
Автопатот Скопје-Тетово-Гостивар засега претставува единствената обиколница доколку возилата се движат кон Гостивар и кон Охрид без да влегуваат во градот.