Општина Тетово соопшти дека е завршена целосна реконструкција на улицата Мурат Бафтијари. Таа е делница на потегот од излезот на Тетово за Попова Шапка се до населбата Горна Чаршија. Според градоначалничката Теута Арифи претставува значајна придобивка за сообраќајот особено за луѓето кои сакаат да дојдат во Тетово, а пристигаат од Попова Шапка, како и планинските села Шипковица, Бродец, Вешала и Бозовце.
Целосна реконструкција на улицата Мурат Бафтијари предвиде асфалтирање на патот во должина од 600 метри и 6 метри ширина, како и тротоари од двете страни на улицата. Поставена е атмосферска канализација во должина од 500 метри и нова мрежа за водоснабдување со Ф400 цевки. Има и јавно осветлување на 520 метри од улицата, изјави Теута Арифи.
Вкупната вредност на проектот изнесува 28 милиони денари.