Општина Јегуновце денес со свеченоста одбележа 25 години јубилеј од конституирањето на првиот Совет и формирање на општината Јегуновце како единица на локална самоуправа. На овој датум во 1996 година се одржала и првата седница на Советот.
-Сакам да упатам благодарност до сите чинители кои допринесоа општина Јегуновце денес да биде локална самоуправа и институција што ги решава проблемите на граѓаните. Во знак на благодарност доделив благодарници за особен придонес и промоција на општина Јегуновце на вработените во општина Јегуновце, основните училишта „Александар Здравковски“ од Јегуновце, „Симче Настовски“ од Вратница, „Шемшово“ од Шемшово вклучувајќи ги и подрачните училишта, ЈОУДГ „Јаболчиња“ од Јегуновце и Библиотека „Светлина – Дрита“, како и истакнати спортисти и млади кои беа симболично финансиски наградени како знак на благодарност за постигнатите резултати и промоција на општина Јегуновце. Сите заедно, јас како градоначалник, Советот, граѓаните, институциите имаме обврска и потреба заеднички да работиме, да носиме одлуки за подобрување на животот на сите нас кои живееме во населените места во општина Јегуновце, изјави градоначалникот Димитар Костадиноски.
Општина Јегуновце има 11 населени места и околу десет илјади жители, вкупна површина од над 176 квадратни километри.