Тетовските општински инспектори велат дека би биле поуспешни во справување со продавачите на импровизирани тезги ако имаат поддршка од централната власт преку полицијата и пазарната инспекција. На повеќе локации беа отстранети разни продавачи, но најтешко оди со тие надвор од зелениот пазар каде се продаваат цигари.
-Ние секој ден ги тргаме, редарите наши секој ден се на терен меѓутоа тие имаат мобилни маси и бегаат кога идат инспектори и после се враќаат. Тоа е проблемот со нив. На пример ако треба еден продавач на цигари да го тргнеме, ако ни бега полицијата може да преземе мерки. И полицијата и може да преземе пазарна инспекција, не треба само ние да чистиме јавна површина, изјави В.Д раководителот Абдулгани Алији.
Членовите на Советот на Општина Тетово денес имаа можност да дебатираат со претставниците на Општинскиот инспекторат околу преземените активности во изминатите месеци од новото раководство.
В.Д раководителот Абдулгани Алији во изјава за медиумите истакна дека според законските прописи инспекторатот сега работи со 60 %, односно дека му недостигаат повеќе инспектори за да може тековно и нормално да ги извршува инспекциските надзори.
-Ние имаме како сектори само три кои имаат подсектори, но треба секој подсектор всушност да биде сектор сам по себе и да си има раководител на одделение. Сега ние треба да смениме, треба да земеме мислење од Министерство за информатичко општество и администрација и да бараме да отвориме нови огласи за други инспектори. На пример во комунални дејности мене ми требаат најмалку пет инспектори, а сум нашол таму само два инспектори. Во градежништво имам два инспектори а ми требааат најмногу пет, изјави Алији.
Според него дел од од инспекторите не ни биле активни и било побарано од нив да почнат со работа на терен.
-Имаме Сектор за даночни обврзници со овластување имаме еден инспектор, кој нефункционирал пред 2022 ниеднаш, сега сме го ставиле во располгање на граѓаните, рече Алији.
Според првиот човек на инспекторат сега таму има вкупно 16 инспектори, а потребни се уште 15-тина.