Тетовско-гостиварската епархија при Македонската православна црква информираше дека денес е осветен ново изградениот параклис посветен на Свети Сисој Велики. Станува збор за нов објект изграден во дворот на црквата Света Богородица.
По осветувањето, според црковниот устав, беше отслужена света архиерејска литургија, а по завршувањето митрополитот г.Јосиф се обрати кон верниците со пригодна беседа на која говореше дека светите цркви и манастири се места, каде што Бог обилно ја излива Својата благодат на секоја христијанска душа, којашто со вера, покорност и молитва бара помош од Севишниот. Затоа црквите, од страна на светите отци, се нарекуваат духовни бањи и лечилишта, истакнуваат од епархијата.
На сите ктитори и дарители на средства им се доделени благодарници.
А.С