Флорин Бесими, директор и Артан Етеми економски директор на Клиничка болница Тетово преку социјалните мрежи порачаа дека поднесуваат оставки на функциите поради пожарот во модуларниот објект при што загинаа 14 ковид пациенти.
-Со непопустлива болка за секоја жртва и секој член на семејството, ве известувам дека поради оваа морална одговорност што ја чувствувам, поднесувам оставка од функцијата директор на Клиничката болница во Тетово.По таков трагичен и немил настан, оваа одлука е неизбежна. Во исто време, се надевам дека целосната истрага ќе заврши што е можно поскоро и ќе се разјаснат причините за пожарот во модуларниот центар на Тетовската клиника за пациенти со Ковид-19. Мојата оставка нема да ги утеши семејствата, но верувам дека ќе воспостави морална линија што сите ја заборавивме како општество, напиша Флорин Бесими.
Таква одлука денес донел и Артан Етеми, досегашен екониомски директор на болницата.
Чувствувајќи ја длабоката болка од трагедијата што се случи во модуларниот центар во Тетово, каде што бев и лично присутен, од тажните слики што ги доживеав извлекувајќи ги со свои раце телата на жртвите, во својство на економски директор ја давам мојата оставка од оваа позиција од морален чин. Јас верувам на принципот дека истражните тела и меѓународно ангажираните експерти ќе ја откријат вистинската причина за тоа како настана трагедијата што се случи во модуларниот центар и која ги скрши нашите срца. Ја споделувам болката со роднините на жртвите, истакна Артан Етеми