Дополнителната заменска министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ, денеска ја посети новоотворената Канцеларија за социјални работи во Камењане при општина Боговиње. Канцеларијата е дел од мрежата на канцеларии што ресорното министерство ги отвори во соработка со општините за да ги доближи социјалните услуги до граѓаните.
-Во тек е отворање на такви канцеларии во 50-тина општини, со фокус на руралните, истакна дополнителната заменска министерка за труд и социјална политика. Изминатиов период навистина работиме интензивно и ќе продолжиме да работиме на подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани, токму затоа и отвораме локални канцеларии на Центрите за социјална работа, изјави Санела Шкријељ.
Месецов ова е четврта канцеларија која се отвори во тетовскиот регион. На 17 јануари беше во Јегуновце, а мината недела во Желино и Брвеница.
А.С