Сите заинтересирани пчелари од денес може да се пријават на повикот за учество на меѓународниот натпревар за квалитет на мед „Тетово награди за мед 2020“ (Tetovo Honey awards 2020) во организација на здруженијата „Полошки мед“ и „Градот на пчелите“ во партнерство со Факултетот за прехрабена технологија и исхрана при Универзитетот во Тетово. Ова е втор ваков натпревар, што инаку за првпат во 2019 го организираа двете тетовски здруженија.
-Рокот за достава на примероци на мед е од 15 септември до 15 октомври. Во првата половина од ноември ќе се формира меѓународна комисија составена од универзитетски професори и истакнати пчелари кои ќе извршат органолептичка оценка на медот. Во втората половина на ноември ќе се изврши лабораториска анализа, додека на крајот на месецот или почетокот на декември е планирана е манифестацијата за доделување на наградите. Се разбира согласно протоколите кои ќе важат во тој момент околу заштита од Ковид-19, информираат од здруженијата.
За пријавување, пчеларите треба да се регистрирани и да имаат регистерски број (РБО) од Министерството за земјоделство, потоа да испратат две тегли мед од по 500 грама како и да платат партиципација од 20 евра.
А.С