Основното училиште „Наим Фрашери“ во Тетово доби инклузивно игралиште за учениците со попреченост, со што беше одбележан и Меѓународниот ден на лицата со попреченост 3-ти декември.
Игралиштето е донација во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ спроведен од Фондацијата „Чекор по чекор“ заедно со партнерските граѓански здруженија „Хандимак“ од Тетово и „Инклузива“ од Куманово.-Чест ни е и задоволство да го предадеме во употреба ова игралиште. Ова е трета година од проектот заедно со Хандимак и Инклузива, со поддршка на Министерството за образование и наука и општествено одговорно компании кои помагаат за подигање на свеста. Ние досега сме доделиле 664 стипендии за ученици со попреченост, обучени се 300 наставници и се подобруваат услови во поголеми училишта. Имаме изградено уште пет други игралишта, пет сензорни соби и асистативна технологија на четири улилишта. Ги поддржуваме и семејствата и родителите. Значајно за ова училиште е што ги подобрува условите не само сега туку тоа е веќе традиција да ги вклучи сите ученици, изјави Елена Мишиќ, тим лидер во проектот.
Од училиштето посочија дека игралиштето е значаен придонес за унапредување на можностите за учениците со попреченост.
-Ова игралиште ќе се чува и ќе го употребуваат ученици со попреченоста и на тој начин заедно со другите ученици ќе уживаат во благодетта на оваа можност. Нашето училиште има направено доста за унапредување таа група на ученици. Брои 1500 ученици и мала група од 20 ученици се со попреченост во развој. Група од шест ученици имаат имаат стипендија од овие организации. Од 1969 постои училиштето, а сме благодарни на локална заедниица и локалните бизниси за повеќе работи кои се направено во училиштето, изјави Нијази Беџети, педагог.
Пуштањето во употреба на игралиштето беше поздравено и од Адем Идризи, претседател на здружението Хандимак како и Бесар Дурмиши, претседател на Совет на Општина Тетово.
ас