Инспектори од тетовското одделение на Државниот пазарен инспекторат денес беа во проверка на владината одлука за непроменување на цените на основните производи во трговските објекти. Според раководителот на одделението Лилберт Мемети нема отстапувања кај продажните субјекти кои досега се контролирани.
-Не е лоша ситуацијата, почитуваат сите освен со некои недостатоци некои што сакаат да злоупотребуваат, сигурно ќе бидат и тие проверени и ако најдеме неправилности ќе бидат казнети според законот. Има претставки од граѓаните, ќе видиме дали се искрени, дали се коректни пошто има и злоупотреба од граѓаните, истакна Лилберт Мемети.
Во придружба на раководителот беше и Хисен Џемаили, министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија.
-Како што гледавме и како што не инфомираа инспекторите нема зголемување на цените на основните продукти. Може да се случи на некои продукти кои согласно пазарната економија што потешко се наоѓаат сега, може да има покачување на цените но тие цени што се гарантирани со одлука на Влада не гледаме дека има злоупотреби, рече Џемаили.
На новинарско прашање дали и маските ќе бидат ставени во категорија на основни продукти поради потребата од нив за заштита, министерот вели дека тоа ќе биде во иднина.
-Во врска со маските, знаеме дека во наша држава не се произведуват овие маски, веќе е стапено во контакт со некои компании што можат да шијат маски. Кога тие се произведат во државата ќе имаат гарантирана цена, истакна Џемаили.
За угостителителски објекти нема казни досега од државниот пазарен инспекторат.
-Сите пријавуваат, и тоа е за поздравување од страна на граѓаните. 95 отсто од градот е покриен со се селата, а тоа е дека ја почитуваат одлуката на Владата. Освен некои мали кафетерии по селата сакаат со некакви други методи да работат но тоа не е во нивна корист не ни во наша корист, ќе бидат затворени, вели Мемети.
Пред два дена беа затворени еден локал во Тетово и две кафетерии во Пирок.
А.С