Педесет годишен жител на Желино го изгуби животот во сообраќајна несреќа што се случи во четвртокот во ова тетовско село околу 20 часот и 30 минути.
-Во СВР Тетово во 20 часот и 30 минути било пријавено дека на локален пат во Желино патничко моторно возило удрило и усмртило 50 годишник кој бил пешак. По пријавената несреќа во полицијата била повикана и екипа од итна медицинска помош од каде е констатирана смрт кај 50 годишникот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
По несреќата е започнат увид од обвинител од тетовското јавно обвинителство и стручна екипа од СВР Тетово. Тетовската полиција најави уште детали за сообраќајката во текот на денот.