Д-р Гзим Нуредини од Ковид центарот во тетовската болница информира дека петмина хоспитализирани го изгубиле животот поради пандемиската болест, а 14 нови пациенти се примени на болничко лекување во последните 24 часа.
-Најмадиот е роден 1972 година, на околу 49 години. Немаме точна анамнеза, но немаме информација дека имал хронична болест. Исто така имаме и примено на болничко лекување млади лица од 35 до 45 години. Се уште алармот е на црвено и болеста ги фаќа и младите. Бројот на амбулантски прегледи е се уште висок што значи ќе има уште многу приеми, изјави Д-р Нуредини.
На болничко лекување има 123 лица. Од нив само тројца биле вакцинирани со две дози.
А.С