СВР Тетово информира дека ноќеска (6 мај), половина час по полноќ, на локалниот пат во тетовско Горно Палчиште, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода А.У.(22), О.М.(24), И.Х.(24), Ф.Ф.(24) и А.М.(21), сите од Тетово, затоа што при нивен и преглед на патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, што го управувал А.У., кај О.М. била пронајдна марихуана, а кај А.М. бил пронајден нож.
Петте лица се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци по член 215 од Кривичниот законик и член 80 од Законот за оружје.