Тетовската полиција вчера утврдила дека 15 лица во регион не ги почитувале решенијата за изолација поради Ковид-19. За сите нив се поднесени пријави за утврдување на кривична одговорност.
-Во рамките на редовните контролни активности на лица со решенија за изолација издадени од Државен санитарен и здравствен инспекторат, утврдиле дека 15 лицa од Teтово и тетовските села Слатино, Доброште, Лисец, Одри, Терце и Јажинце, иако имале решенија за изолација и домашно лекување, не ги почитувале решенијата и не биле пронајдени во своите домови. Против овие лица ќе бидат изготвени соодветни поднесоци за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ согласно член 206 од Кривичниот законик, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
СВР Тетово во текот на август досега брои 142 пријави севкупно на тетовско-гостиварскиот регион за лица кои непостапиле според здравствените прописи во време на епидемија.
-Најголемиот дел од нив не биле во нивните домови туку и заминале надвор од државата, информира Јосифоски.
Полицијата вчера има евидентирано и 31 казни за лица кои не неноселе заштита на лицето.
А.С