Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 971 тестирања, а регистрирани се 175 нови случаи на Ковид-19 од кои во тетовскиот регион се 5. Сега тетовскиот регион бележи вкупно 317 случаи од кои активни 147, како и 26 умрени лица.
Според Центарот за јавно здравје од Тетово, три случаи се бележат на територија на општина Тетово и по еден во општините Боговиње и Јегуновце.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 18 оздравени пациенти од кои 3 се од тетовскиот регион.
Починале 5 лица, тројца од Скопје, еден пациент од Гостивар и еден од Прилеп, или вкупно 169 во цела држава.
СВР Тетово информираше дека за не носење заштитни маски на вкупно 119 лица изминатото деноноќие добиле прекршочни платни налози.