37 годишник од тетовското село Требош вчера во 15 часот во СВР Тетово, пријавил дека околу 25 минути претгходно часот кај кружниот тек помеѓу улица „Браќа Миладинови“ со улица „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, додека се движел со неговот возило „бмв х6“ со швајцарски национални ознаки, му бил попречен патот од возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки.
Според исказот на Г.С (37) од Требош од возилото излегле лицата К.В. и Л.М. и со метални предмети му го оштетиле возилото. Извршен бил увид од екипа на СВР Тетово и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информира денес СВР Тетово.