Со планинарска тура до месноста Бела Вода на планината Орловец на шарпланинскиот масив планинарскиот клуб Тетекс од Тетово ја започна сезоната на овогодинешни активности. Станува збор за марш кој е со вкупна должина од 12 километри.
-Последната недела во месец февруари ПК Тетекс организира собир на своите членови со цел да се потврди точната бројка на членови и да започне новата планинарска година. На првата тура до месноста Бела вода вчера имаше 60 учесници од нашиот но и други клубови. Започна од Лавце до Бела вода и назад со вкупна должина од 12 километри, изјави Снежана Новаковска од ПК Тетекс.
Во зависност од временските услови наредната планинарска тура на ПК Тетекс ќе биде до потегот Јанче-Галичник.
А.С