Сите заинтересирани поединци и организации од областа на културата кои би сакале да се претстават пред тетовската публика имаат можност да поднесат барање до Националната Установа „Уметничка Галерија Тетово“ каде во текот на 2021 година би можеле да се организираат изложба или слично претставување. Повикот на Галеријата е отворен од утре 8 до 22 јули.
-Ги покануваме сите професионални уметници од визуелната уметност, граѓански здруженија, локални институции кои се заинитересирани за реализација на проекти од областа на културата и уметноста за 2020 година да конкурираат од 8 до 22 јули. Сите заинтересирани треба да достават соодветни материјали кои се предмет на изложбата, информираат од Уметничка Галерија Тетово.
Во прилог на барањето заинтересираните треба да достават и CV, каталог, ЦД со фотографии на уметничките дела кои ќе се изложат.Материјалите треба да се донесат секој работен ден од 10 до 14 часот во канцелариите на институцијата, односно до кураторот Беса Даути.
А.С