Вчера (28 јуни) во 13 часот и 30 минути на крстосницата на улиците „ Иво Лола Рибар“ и „Браќа Симовски“ во Тетово, се случила сообраќајна несреќа со учество на патничко моторно возило „фолксфаген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.В.(37) од Тетово и мопед-скутер „јингјинг“, исто така, со тетовски ознаки, што го управувал 20-годишниот тетовец Д.Ј. Повредениот мотоциклист пренесен е во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово, инфомира СВР Тетово.