Откако изминаа неколку недели без пациенти на болничко лекување поради Ковид-19, неделава бројот на хоспитализирани стигна двоцифрена бројка. До денес на пладне 11 луѓе поради тешки клиничка слика се лекуваат на инфективното одделение.
-На инфективно одделение моментално има хоспитализирани 11 пациенти со тешка клиничка слика и со кислодордна поддршка. Пациенти кои се дојдени во крајна фаза, претходно лекувани кај матични лекари и кога се дојдени тука, се дојдени во тешка состојба. Веднаш е пристапено е кон терапија и кислородна поддршка. Тие се од различни возрасн групи, меѓутоа доминираат млади и имаме пациенти од 30 до 40 години и меѓу 50 и 60, а најстарите се 70 годишни. Правиме се што е во наша моќ, се што треба е дадено, се надеваме дека ќе се избориме со нивната болест, сепак времето ќе покаже, изјави денес д-р Фанка Дјуженко, инфектолог во Инфективното одделение во Тетово.
Таа смета дека нема доследно почитување на препораките и мерките па затоа драстично порасна бројката на хоспитализирани во тетовската клиничка болница.
-Даваме препораки и во медиумите да сите симптоми кои ги имаат веднаш да се обратат кај матичен лекар за да бидат тука проследени тука, да бидат направени лабораториски и рентген иследувања и да се започне со терапијата, да не се изгуби времето кое многу ни значи. Да си ги почитуваат мерките, да не групираат, да се носат маски во затворено. Луѓетио се олабавија, се опуштија, со свадбите, по прослави и слично. Сепак е потребно да се почитуваат мерки како во времето на најголемата криза на ковид пандемијата, истакна д-р Дјуженко.
Во Тетово има 106 активни случаи со Ковид-19, а досега биле заболени вкупно 7411 лица. Починати се 336 граѓани.
А.С