Повеќе часови поголем дел од Тетово беше без вода за пиење поради голем дефект на една од главните водоводни цевки (ф400) на улицата Абдул Фрашери (поранешна Радован Цониќ), информираа денес од Јавното комунално претријатие (ЈКП) „Тетово“.
-Поради дефект во главната водоводна мрежа ф-400 во улица Абдул Фрашери имаше прекин на водоснабдување, со почеток од 08:30 часот. Работниците од претпријатието работната единица „Водовод и Канализација” беа максимално ангажирани за побрзо и поефикасно санирање на дефектот, соопштија од ЈКП Тетово.
Стариот водоводен систем е причина за постојани дефекти односно пукање на старите водоводни цевки. При тоа службите на ЈКП ги менуваат со цевки од понов материјал.
А.С