Голем е интересот на руралните општини за отворање на подрачни канцеларии на Центрите за социјални работи, што воедно ќе значи зголемување на вработувањата во оваа област како и развој и унапредување на зацртаните социјални реформи, истакна Санела Шкријељ, дополнителниот заменик министер во Јегуновце. Секоја област во државата пројавила интерес со оглед на потребите на граѓаните за поголема пристапност до овие услуги.
-Имавме прва фаза за изразување на интерес некаде околу 60 општини кои пројавиле интерес, втора фаза која сега тече. Ќе обезбедиме техничка поддршка за општините за подготовка на проекти. Рокот за аплицирање е до 30 април да имаат време да подготват издржани проекти,средствата се обезбедени така да ние сакаме да и целта ние секоја општина отвори социјален сервис согласно потребите на локално населние. Она што е цел на Министерството во секоја општина во нашата држават е има ваква локална канцеларија и затоа се склучува меморандум за соработка на МТСП, општината и Центарот за социјални работи. Со некои општини се усогласуваме во делот на простор и слично. Финално секоја канцеларија ќе има свој центар за социјална работа. Фокусот е на рурални општини и на отворањето и во однос на градинките на овие центри за социјална работа за тоа што навистина долго време беа запоставени. Во овој регион во секоја друга општина ќе си добие канцеларија. Такви ќе има во Желино,Боговиње, Брвеница,Центар Жупа и Маврово и другите места, рече Санела Шкријељ.
Отворање на самите канцеларии значи и нови вработувања.
-Она што го имаме како план оние локални канцеларии за самите почеток да имаат тим од двајца луѓе затоа што тука ќе биде администрирање на правата. Со развојот на услугите, зависно од самата услуга, дали тоа ќе биде помош и во нега во домот или лична асистенција, во зависност од услуга така ќе се пристапи кон вработувањата. Паралелно инвестираме во рзвојот на услугите и сервисите блиску до граѓаните. Во моментот имаме отворено повик до сите општини да аплицираат со предлози за развој на сервиси. За истото имаме обезбедно 10.8 милиони евра заедно со Светската банка и во таа насока ги повикувам сите општини да аплицираат, рече Шкријељ.
А.С