Тетовската пожарна денес околу 13 часот интевернираше на пожар кој зафатил објект во селото Вратница наменет како дом за култура. При пожарот нема повредени лица, а изгорен е внатрешниот дел од објектот.
-Пожарот е пријавен кај нас во 12 часот и 40 минути. Ние испративме три возила со осум пожарникари кои за еден час го ставија под контрола огнот и го локализираа пожарот, изјави Ука Алити, командант на тетовската пожарна.
Тетовската противпожарна територијална единица денес околу 13 часот и 45 минути интервенираше и во селото Порој каде се гасел пожар на отворено. Интервенирале четворица пожарникари со две возила.
ас