Во полициската станица во Тетово денес се собраа 15 единици крв во рамки на шестчасовната крводарителна акција. Ова е трета акција во текот на 2019 спроведена во тетовската станица.
-Уште една успешна крводарителска година на СВР Тетово.Со денешната, трета крводарителска акција вкупната бројка на собрани единици крв на тетовско-гостиварското подрачје изнесува околу 180, што несомнено претставува респектибилна бројка и потврда повеќе дека вработените во СВР Тетово и натаму остануваат активни поддржувачи на крводарителството на овие простори, изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Организаторите на крводарителските акции во СВР Тетово се надеваат и очекуваат дека и наредната 2020 година на овој план ќе биде подеднакво успешна и дека ќе продолжат со афирмација и унапредување на крводарителството, посебно помеѓу помладите вработени.
Во изминатиот период вработените во СВР Тетово одвоија дел од платите со намена да се соберат средства кои беа испратени како хуманитарна помош за настраданите семејства од земјотресот во Албанија.