СВР Тетово информира дека на 18.07.2022 во 08.20 часот на булевар ,,Видое Смилевски Бато“ во Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода М.А. (29) од тетовско Боговиње.
-Тој бил затекнат при физички напад врз неговата 26-годишна девојка од Прилеп, со привремено живеалиште во Тетово. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе следи и соодветен поднесок, соопшти СВР Тетово.