Тетовската полиција денес од 8 до 12 часот контролираше колку пешаците поминуваат на соодветни места и дали ги почитуваат важечките знаци, како и правилата и прописите. При тоа се изречени и казни за пешаците.
-При тоа, во Тетово биле констатирани вкупно 42 прекршоци, од кои 30 се однесувале на преминување на улиците надвор од обележани пешачки премини. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Санкционирани се и 11 други видови прекршоци, информира портпаролот на полицијата, Марјан Јосифоски.
Во текот на вчерашниот ден при сообраќајно-контролните активности полицајците казниле 23 возачи за непрописно паркирање, претежно во таканаречени двојни редови, а 7 на неприлагодена брзина според условите на патот.
Покрај тоа биле санкционирани и две лица кои управувале без положен возачки испит, како и други прекршоци, а времено било одземено и едно патничко моторно возило поради истечена регистрација повеќе од 6 месеци.
А.С