Во текот на април годинава, полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, на поширокото тетовско подрачје, во тековни-редовни и 23 акциски контроли вкупно откриле и законски санкционирале 1780 различни видови неисправности.
-Во контролните активности, реализирани минатиот месец, а поради констатирани прекршоци, од сообраќај билe исклучени 62 возила, од кои 49 поради истечена регистрација до и над 30 дена, а 13 поради утврдена техничка неисправност. Во април, исто така, од сообраќај биле исклучени и 206 возачи или скоро двојно повеќе од лани, од кои 130 управувале без возачка дозвола, 14 под дејство на алкохол, 42 возачи-почетници кои не се придржувале на законските ограничувања за оваа категорија возачи, 5 со несоодветна категорија и 15 со важечка забрана за управување, информира СВР Тетово.
Покрај тоа, во овој период, времено биле одземени 28 возила за истечена регистрација повеќе од шест месеци и бучавост, 76 возачки и 42 сообраќајни дозволи, додека тетовската „пајак-служба“ вкупно подигнала 121 непрописно паркирано возило, најмногу во централното подрачје на Тетово, каде е и најголема вкупната сообраќајна динамика и фрекфренција на возила и пешаци.