Вработените во Јавното претријатие „Градски паркинг“ – Тетово преку Независниот синдикат на државната администрација потпишаа колективен договор согласно законот за работни односи со кои ќе бидат остварени повеќе права кои им следуваат како работници во јавниот сектор.
-Со овој колективен договор освен што се дорегулират правата вработените според одредбите од законото за работни односи ќе бидат исплаќани за прекувремени саати на работа, јубилејна награда, бонус плата како и број на денови од годишен одмор. И понатаму ќе помагаме на вработените во доуредување на потстатуртарни правилници со цел да подобрување на состојбата. Од 56 вработени на ЈП „Градски паркинг“ 48 се членови на Независниот синдикат на државна администрација., изјави Горан Ристески, претседател на гранковиот синдикат.
И раководството на ЈП „Градски паркинг“ се обврза со потпис на овој договор.
-Десет месеци имавме преговори со раководството на крај испадна овој договор. Потпишан е од директорот на претријатието. Во преговорите им беше укажано на раководството за одредени проблеми согласно позитивните законски измени дека одредени работи треба да се дорегулираат со колективни договро за да се користат бенефити кои ги дава работодавецот, изјави Ристески.
Независниот синдикат на државата администрација изминатиот период водеше преговори со Општина Тетово за исполнување на обврските согласно колективниот договор за пожарникарите. Во понеделникот согласно договорот во буџетот за 2021 се предвидени договорените исплати на додатоци за плата како што се прекувремена работа, работа во викенди и слично.
А.С