Жена на 73 години од тетовско починала со дијагностициран Ковид-19, информира денес Министерството за здравство. Со тоа вкупниот број на луѓе починати поради оваа болест во регионот достигна 76.
Во изминатото деноноќие во регион има 4 нови случаи, а нема нови излекувани. Активно болни се 172 лица.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 860 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи низ Македонија. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени пациенти.
Починати се четири лица, двајца пациенти од Гостивар на 71 и 82 години и 73 годишна пациентка од Тетово. Од нив двајца се починати во, а еден вон болнички услови. Почина и пациентка од Куманово на 68 години, примена во амбуланта на Инфективна клиника без срцева акција, а по обидот за реанимација констатирана е смрт.