На 74 години почина Стојан Соколовски, потполковник во пензија и поранешен долгогодишен командант на касарната „Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово и носител на други раководно-воени позиции.
Потполковник Стојан Соколовски е роден на 12 февруари 1946 година во Кесендре, Кавадаречко. Високо образование стекнал на воените академии во Белград и Сараево. Во текот на кариерата се стекнал со титулата магистер на воени науки на Командо-штабната академија при Воената Академија „Михајло Апостолски“ во Скопје.
Офицерската кариера ја завршува во 2001 година во тетовската касарна кога заминува во пензија. Во текот на пенизонерскиот период е активен член во Здружението на пензионери во Тетово. Ја извршуваше и функцијата претседател на Собранието на Здружението на пензионери.