Во Тетово започна уредувањето на кејот на реката Пена за што општината доби средства од програмата на компанијата ТАВ. Со тие средства треба да се изгради пешачка патека, детски катчиња, урбана опрема и осветлување.
-Проектот за кејот на реката Пена е финансиран од средствата на ТАВ со 23 милиони денари. се работи на должина од 1.6 километри, а ќе се работи на комплетна регулација, средување на кејот, да има место за рекреација, да можат нашите граѓани да можат да го употребат од Индустрискиот булевар па се до млинот во Горна Чаршија. Ќе се работи комплетно ново осветлување, патека за пешачење, пет катчиња за рекреација и користење од страна на децата. И ќе биде природно поврзување со патот на Бањиче каде што ионака се користи за рекреација. Бевме информирани од компанијата дека се работи интензивно и според договорот за четири месеци ќе биде завршено, изјави градоначалничката Теута Арифи.
Ова е втор проект на Општина Тетово кој е финансиран од програмата на ТАВ. Градот доби средства и за продолжувањето на булеварот „Благоја Тоска“.
ас