Во рамките на засилените сообраќајно-контролни активности кои веќе подолго време се спроведуваат на поширокото полошко подрачје вчера (30 септември), покрај другото, вкупно биле откриени и санкционирани 9 лица (ТЕ-5 и ГВ-4), кои ги управувале возилата без положен возачки испит и валидна дозвола.
-На сите им се изготвени поднесоци по член 225 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и ќе се соочат со парични глоби од 250 евра во денарска противвредност. СВР Тетово уште еднаш со апел да не се седнува зад волан без положен возачки испит, зашто на тој начин се доведува во прашање сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.