Кога се влегува во Основното училиште „Андреја Савески-Ќиќиш“ во Тетово во ходниците веднаш се забележува впечатливото уредување на дел од ѕидовите со неколку мозаици. Овие уметнички дела се израз и резултат на креативноста на учениците и нивниот наставник по ликовно образование – Зоран Бошкоски, објави специјализираниот портал Деца.мк текст на дописникот од Тетово, Александар Самарџиев.
Кабинетот по ликовна уметност е местото каде што харизматичниот наставник Зоран, ликовен уметник, им ги пренесува знаењата и заедно со учениците создава нови дела. Во кабинетот е веќе изработениот мозаикот „Неракотворен лик на Исус Христос“. За овој мозаик се користени повеќе материјали – камен туцаник, речен камен и керамички плочки. Учениците ја изразуваат креативноста и во изработка на ткаенини со ткаење на рам и на разбој. Велат дека во училиштето не ги носат мобилните телефони, па оваа активност многу им значи и ги исполнува.
Целиот текст тука