На вчершаната пленарна седница и општа расправа за Предлог Буџетот за 2021 година пратеникот на ВМРО ДПМНЕ од Тетово, Александар Велјановски побара поддршка за иницијативата да се изгради патот до селото Луковица. Во текот на расправата во реплика до пратеникот Бедри Фазлиу од ДУИ кој поднесе иницијатива за пат Фалише-Сараќино, Велјановски ја истакна потребата на тамошните жители да имаат пат и дека е важно сите пратеници да ја поддржат оваа иницијатива.
Велјановски во рамки на комисијата за буџет заедно со други пратеници поднесе предлог амандман за Луковица но тој не дојде на ред за разгледување.