На Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) Тетово започна да функционира првиот Центар за нови вештини „SkillsNext“ што претставува модерно опремена површина од 350 m2, каде професионалци, практичари и студенти ќе посетуваат специјализирани обуки од текстилната и градежната индустрија какои од земјоделството. Во исто време, Центарот ќе служи како „продолжена рака“ на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) при што ќе се создадат услови за реализација на актуелни обуки, предавања и тренинг. Концептот на просторот поддржува соработка и партнерства помеѓу индустријата, јавниот сектор, академската јавност, експертите и работна силата сила од сегашноста и иднината.
-ФИТР е партнер на оваа иницијатива, при што сметаме дека Центарот за идни вештини #SkillsNext идеално со вклопува во мисијата на Фондот за иновации и технолошки развој, а тоа е: градење и негување на култура на развој, нови трендови, технологии и апликативни решенија подготвени глобално да се вклучат во работни и бизнис процеси. Сакам посебно да го истакнам и регионалниот карактер на Центарот, со отворени можности за регионални соработки и глoбален развој на нашата работна сила, а посебно креирање нов човечки капитал подготвен веднаш да се вклучи на конкурентениот пазар на труд.“ – изјави директорот на ФИТР, Коста Петров.
Во следниот период, „SkillsNext” ќе работи на неколку функционално – стратешки цели во правец на создавање релевантен Ресурсен хаб за поддршка на зелената транзиција и технолошката трансформација во градежната, текстилната индустрија, како и во и земјоделството.
-Како и насекаде, сведоци сме дека токму недостатокот на квалификувана работна сила со специфични вештини претставува и главен фактор за поголема конкурентност и професионализам на пазарот на трудот. Тоа и беше главната причина за создавање на Центарот чија што главна мисија ќе биде создавање на поквалитетни и подобри работни места и поголема продуктивност на приватниот сектор.“ – потенцираше Постојатниот преставник на Програмата за развој на Обединетите нации во нашата земја, Армен Григорјан.
Сите актуелности, новитети и материја за е-учење, како и споделени бизнис информации од регионот ќе бидат поставени и споделени на интерактивната платформа www.skills4future.mk која ќе претставува главна точка за информирање и учење.
Амбасадата на Обединетото Кралство ја препозна потребата за поддршка во областа на градење квалификувана работна сила подготвена со нови вештини да се вклучи на пазарот на трудот.
-Се надевам дека Центарот ќе започне и ќе ги негува целите за одржливи градежни методи. Почнувајќи од БИМ (Building Information Modelling) технологијата, за која што е потврдено дека го намалува процентот на отпадните материи и дозволува оптимизација на градежните технологии, преку методи за енергетско предвидување и планирање, па се до практични вештини за работа во полето на енергетста ефикаснот и создавање зелена енергија.“ – подвлече Рејчел Галовеј, Амбасадорка на Обединетото Кралство.
Центарот за нови вештини „SkillsNext“ кој е отворен вчера е во рамки на проектот „Премостување на јазот кај вештини за создавање на нови и подобри работни места“, поддржан од Амбасадата на Обединетото Кралство, Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕ), ФИТР и УНДП.
ас