Младинската организација „Хрватски форум“ во Тетово денес го организираше првото изборно собрание беше избрано раководството. За претседателка беше избрана м-р Симона Копривњак, додека за потпретседателки Михаела Обадиќ, Ема Павловска и Анкица Соколиќ.
-Хрватски Форум во измината година на постоење создаде организација со локални клубови во 6 градови. Се надевам дека бевме успешни со спроведувањето активности , како организација која единствена отвори одредени тематики за кои други невладини не се занимаваат. Чест ние е што отворивме одредени прашања како анализа зна најстарите хрватски закони, за средновековна Хрватска. За време на претседавање на Хрватска со ЕУ имавме значајни активности, изјави Марко Видачек, еден од основачите и генерален секретар на Хрватски форум.
На првото изборно собрание беше избран и трочлен надзорен одбор. „Хрватски Форум“ произлезе како младинска иницијата од Македонско-Хрватско Друштво од Тетово, инаку формирано во 2002 година.
А.С