Универзитетот на Југоисточна Европа ги пречека новите студенти за академска 2019/2020 година. На првиот академски час им се обратија ректорот Абдулменаф Беџети и претседателот на одборот Денис Фарингтон.
-Вие доаѓате во една од најдитилизираните институциите не само во змејата туку и во регионот. Искористето ги тие поволности како дигитална генерација. За се што ќе бидете незадоволни ќе се обратите кај мене. Бидете редовни во училниците затоа што тие што се на сите предавања ќе стекнат јанногу знаења и најлесно ќе поминат на испитите, рече ректорот проф. Д-р Абдулменаф Беџети.
Во двата досегашни приемни рокови се запишале 620 студенти на додипломски студии, но има уште еден тековен рок за запишување на Универзитетот.
-Една од карактеристиките на нашиот Центар за кариера е што бележиме дека голема стапка на вработеност кај нашите студенти веднаш по завршување на високото образование тука на УЈИЕ, рече претседателот на Одборот, проф. Д-р Денис Фарингтон.