Огромни редови на луѓе без растојание има пред сите банки во Тетово, претежно со пензионери и други лица кои сакаат да отворат нови трансакциски сметки откако пропадна Еуростандард банка, со цел да ги добиваат своите плати, пензии, социјална помош и други видови примања.
Според сликите од пред самите банки, само некои од нив имаат луѓе кои се ангажирани од фирмите за обезбување за да одржуваат ред и растојание, но и покрај тоа евидентни се метежите со луѓе пред овие објекти. Кај дел од банките, влегува кој како ќе стигне, се пожалија дел од тетовци.
-Нема никаков ред, се туркаат луѓето и никој не почитува никого и ништо, велат дел од луѓето кои се обидуваа да влезат во банките.
Поради топлото време неколкумина дури и се откажаа од со оглед на здравствените проблеми.
-Патам од висок притисок, и само што почекав малку на сонце, ми се слоши и се одлучив да дојдам друг ден, вели 65 годишна пенизонерка.
На почетокот на пандемијата со коронавирусот во април неколку дена и припадници на Армијата во Тетово започнаа да соработуваат со полициските службеници во одржувањето ред за влез во објектите каде функционираат банките, телекомуникациските компании и маркетите при што вообичаено се собираа повеќе луѓе. Сепак тоа траеше неколку денови, по што редовите пред овие објекти станаа секојдневие.
Ниту општина Тетово не направи активности околу сузбивање на оваа појава. Од таму неколку пати, градоначалничката побара преку прес-конфреенции банките да најдат модели на одржување на безбеден ред со цел превенција од ширење на коронавирусот.
А.С