Работната единица „Водовод и канализација“ при Јавното комунално претријатие „Тетово“ информира дека поради дефект на цевка на главната водоводна мрежа ќе има прекин во снабдувањето со вода додека се врши поправката.
Станува збор за дефект на голема цевка од типот ф-400 од новиот водоснабдителен систем и затоа се очекува поголем број домаќинства да бидат без водоснабдување.
-Денес поради дефект ф-400 во главната водоводна мрежа во улица „А.Ј.Журчин“ ќе има прекин на водоснабдување за сите граѓани, во времетраење од 09:00 до завршување –поправка на дефектот. Работниците од претпријатието работна единица „Водовод и канализација“ ќе бидат максимално ангажирани за побрзо и поефикасно санирање на дефектот, информираат од ЈКП Тетово.
А.С