Марија Исаевска Ристовска, раководител на комисијата за труд и социјална политика на општинската организација на СДСМ во Тетово на прес конференцијата истакна:
Владата предводена од СДСМ продолжува со ветената програма и реформи за подобруваање на животниот стандард, за еднакви можности на сите граѓани. Затоа говорат пакет мерките од социјалните реформи кои се реализираа изминатиов период. Со што потврдуваме дека Владата предводена од СДСМ е на правиот пат.
Минималната плата е зголемена на досега максимални 14.500 денари. Во време на претходната власт, минималната плата беше навистина минимална со износ од незабележителни 8.000 денари. Уште една мерка која потврдува дека парите се враќаат на граѓаните, а не во нечии џебови или странски сметки. Гордо може да изјавиме, имаме највисока минимална плата во регионот. За споредба, минимална плата во Србија изнесува 230 евра, Црна Гора 222 евра, Албанија 211 евра итн.
Фантастични се бројките и во сегментот на социјална помош. Во време на претходната криминална власт, социјалната помош изнесуваше понижувачки 3029 денари. Со пакет мерките, Владата предводена од СДСМ за само три години ја зголеми социјалната помош за 300%, односно денес тоа изнесува 10.600 денари. Со оваа мерка овозможивме подоинствени услови за живот на 30.000 домаќинства или околу 5 милиони евра секој месец завршуваат кај граѓаните, а не во нечии џебови или странски сметки.
За прв пат во историјата на оваа земја, Владата воведе мерка со која се обезбедува социјална сигурност на ранлива група граѓани во трето доба кои поради низа околности не успеале да го стекнат условот од 15 години работен стаж за да остварат право на пензија.
За една ваква суштинска мерка, претходната власт немаше апсолутно никаков слух.
Со законот за материјално обезбедување на невработени лица кои не по своја вина останале без работа и без било каков вид на социјална сигурност. Владата на СДСМ исправа една огромна историска неправда. Ако досега Законот за стечајци опфати 12.000 граѓани, од 16-ти октомври оваа година се обесштетуваат уште 1.600 нови лица на кои им престанал работниот однос по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок од први јануари далечната 1993 година па сè до 30-ти јуни оваа година во претпријатијата со државна сопственост или по нивната приватизација.
Со мерката за детски додаток, Владата неселективно од први јануари оваа година секој месец обезбедува средства за финансиска помош на 73.500 деца. Овој пат, детски додаток користат и семејства со по еден вработен кој има минимална плата, односно критериумите за детски додаток се далеку поедноставни и олеснети за сите граѓани кои имаат потреба од оваа позитивна мерка.
Со ова докажуваме дека оваа Влада умее рационално да се грижи за сите луѓе кои спаѓаат под ранливи и полу-ранливи категории.
Вложувањето во подобар живот за сите е правиот пат.