Малите и средните претријатија од Полошкиот регион да аплицираат за субвенционирање со цел да добијат филтри за на оџаците од системите за затоплување, повика заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули од Тетово каде беше во посета на фабрика за мебел. Фирмите имаат можност до 23 септември да се јават на повикот на Министерството во рамки на имплементација на планот за чист воздух.
– Вој повик е во рамки на имплементација на планот за чист воздух откако мината година на предлог на граѓанската организција Еко Герила дојде до иницијатива за поставување на филтри на мали и средни претријатрија кои дел од отпадот го користат за затоплување. Исто времено дадовме 5 милиони и 200 илјади денари за општина Тетово за објект каде треба да биде заменето затоплувањето. Средствата се префрлени и очекуваме да избереат некој јавен објект. Целта е се помалку објекти да загадуваат. Има и други иницијативи сите јавни институции да не загадуваат и да го заменат мазутот со друг начин на затоплување. Веруваме дека процесот полесно ќе тече и со гасисификацијата,рече Макрадули.
Во проект е предвено да бидат опфатени 30 фирми според одредени критериуми, а вредноста на субвенциите е 2,5 милиони денари.
-Со ова се бориме со самиот извор на загадување. Задоволни сме што Владата се одлучи да ги субвенционира фирмите, а ние како организација ќе бидеме од техничка помош на фирмите околу документацијата. Би сакале да биде продолжен рокот зошто не фирмите се уште не разбрале па да можат да аплицираат,рече Аријанит Џафери од Еко Герила.
-Нашата компанија има интерес и ќе аплицира за добивање на овие филтри. Како фирма сакаме да аплицираме со цел да придонесеме за заштита на животната средина, изјави Арсим Сејфули.