Во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“, претседателот на Македонија, Стево Пендаровски денес беше на десетина средби со граѓани и места. Намерата е да чујат проблемите на граѓаните но и да се истакнаат луѓето кои се пример во општеството.
-Од првиот ден на мандатот го спроведуваме овој проект. Сметам дека граѓаните со своите проблеми и дилеми не треба да доаѓаат кај мене во кабинет, најдобро е јас да одам кај нив и да ги послушам на лице место. Така ќе биде нареднитее месеци. Ќе истакнуваме и позитивните примери. Денеска во Тетово во околината сретнав млади иноватори кои заслужуваат поддршка од државата и од општеството од системот. Тоа се позитивни примери кои го надминуват во многу нашето општеството, за жал не добиваат доволно поддршка од државата и би сакал да ја пробудам свеста и на јавноста, истакна Пендаровски.
Пендаровски го посети Теарце, Лешочкиот Манастир, Најмалкиот етно музеј во Џепчиште, Шарена џамија, ФК Љуботен, а оствари средба со новинарите и граѓанските организации.