Претставници на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Тетово со положување цвеќе пред Споменикот на револуцијата го одбележија Денот на независноста 8-ми Септември.
-Сакам на сите граѓани на Република Македонија да им го честитам 8-ми Септември Денот на независноста на Македонија. Денеска во организација на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ го одбележуваме 8-ми Септември големиот државен празник на кој граѓаните во 1991 година на референдум го дадоа својот глас за своја суверена држава. Го положивме ова цвеќе пред Споменикот на револуцијата затоа што 8-ми септември претставува континуитет на борба и оставрување на идеалите на револуционерите од Илиденското востание преку Втората светска војна па се до ден денес. Ние како оптшински комитет и партија сметаме дека овој празник мора да се чествува како што е пропишано согласно законот и не смее да биде занемарен од страна на општинските и државните власти. Токму затоа овде го искажуваме и нашиот револт и можеме да потврдиме дека и оваа година овој празник помина без никакви обележја од страна на државните институиции и локалната власт. Се организиравме самите дури беше оневозможено да се интонира државната химна затоа што општината не покажува интерес за организација на овој голем државен празник. Ова е уште еден апел во иднина општината секогаш да ги поддржува и организира овие празници кои значат обединување за сите граѓаните во Република Македонија, изјави Александар Велјановски, член на извршниот комитет на партијата.